МК Сцена
Бојкотот на Џамбазов ја крена македонската естрада на нозе – Додека едни го поддржуваат, други велат дека домашните изведувачи нема што да понудат (ВИДЕО)
Неодамна, Игор Џамбазов го искористи своето интернет ќоше за да изрази незадоволство за третманот кон македонските музичари.
Преку својот инстаграм – профил Џамбазов им се обрати на сите сопственици на дискотеки и локали кои како што вели тој „ангажираат полуанонимни пејачки од Балканот“:
-Ги замолувам сите сопственици на дискотеки и клубови кои ангажираат полуанонимни пејачки од Балканот, со една и пол песна во кариерата, а ги плаќаат 5 (и со букви пет) пати повеќе од најдобрите македонски изведувачи, ич да не ме баат за настап со мојот бенд. За вас дечки сум недостапен… дур сум жив… – објави Џамбазов.



