МК Сцена
Нова песна на Антониа Гиговска: Слушнете ја „Атлантида“ (ВИДЕО)
Една од нашите најголеми млади музички ѕвезди – Антониа Гиговска пред неколку дена ја објави нејзината најнова песна насловена „Атлантида“ и истата веднаш се најде на речиси сите топ-листи на радиостаниците во земјава.
Како и за претходните песни, така и за оваа познатата пејачка соработуваше со Лазар Цветкоски, додека пак текстот повторно е дело на раперот Тајзи.
-Идејата за оваа песна беше на Лазар Цветкоски, бидејќи него многу го интересираат приказните за Атлантида и од таму е идејата. Јас сум презадоволна од песната, спотот. Некои можеби ќе кажат дека е „обична“ песна, но за тие што го мислат тоа објавивме уште една верзија на песната, односно „sad version“, па која верзија повеќе им се допаѓа, таа нека ја слушаат – вели Гиговска.




