Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Дистописки шлагери и вампирски серенади- премиерен концерт на „Трето колено“ во Јавна соба

МК Сцена

Дистописки шлагери и вампирски серенади- премиерен концерт на „Трето колено“ во Јавна соба

Сосема нова авторска музика создадена од тројца уметници, кои се препознале како креативни „сродни души“ ќе биде по прв пат изведена на концертот на групата „Трето колено“ што ќе се одржи на  во Јавна соба (Public Room) на 3 април  (четврток) со почеток во 21 часот.

Кога се чини дека жанровите во музиката се исцрпени, свежина стигнува од подножјето на Пелистер и нуди сосема поинаков инструментално вокален каледиоскоп од фузијата на будните соништа на искусните Дејан Петровиќ – Чапе: вокал и гитара, Дејан Марковски – Деки: вокал и гитара, Пеце Трајковски – Брада: перкусии и хармоника.

Во геометријата на битието, под сенката на Пелистер, во дом над облаците, три сродни набљудувачи на животот, ги сплетија своите огледани искуства во совршениот круг на сонот, каде се отсликани трите точки на времето: минатото, сегашноста и иднината. Дистописките рефрени на Чапе, сонливиот надреализам на Деки и политактниот погон на Брадата, ткаат современа смисла, како сенки на реалноста што раскажуваат во полумрак.“, – „Трето колено“.

Маркетинг

На концертот ќе бидат изведени 20 композиции, а публиката ќе има несекојдневна можност да проследи една поинаква концертна сценографија и да ги чита стиховите од бината и заедно со бендот да се нурне во оваа нова музичка приказна.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.