МК Сцена
Какво трио: Ферус, Илми и Ферчо Мустафов снимиле заедничко оро, спотот се сними пред неколку дена во Србија!
Пред неколку месеци како гром од ведро небо беше информацијата дека од овој свет си замина легендарниот виртуоз на саксафон, најдобриот на овие простори – Кралот Ферус Мустафов. Тоа како да не беше доволна трагедија во семејството Мустафов, па по неколку месеци од смртта на Ферус, почина и неговиот син Илми Мустафов.
Најмногу овие трагедии го погодија внукот на Ферус, односно синот на Илми, Ферчо Мустафов, кој е нивниот наследник и според многумина, единствениот кој може да го замени кралот на саксафонот.
Инаку Ферчо уште пред смртта на Ферус и Илми се пресели во Србија, каде живее и соработува со најголемите тамошни ѕвезди како Цеца и многу други.







