Ед Лакман е добитник на Златна камера 300 за животно дело на 40. издание на „Браќа Манаки“
На денешната прес конференција беше објавено дека американскиот кинематографер Ед Лакман е првиот лауреат на Златна камера 300 за животно дело на 40 –тото издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, што ќе се одржи од 14 до 21 септември во Битола.
Игор Иванов – Изи, претседател на Друштвото на филмските професионалци рече дека ИФФК „Браќа Манаки“ е најзначајниот проект на ДФРМ и дека четири деценискиот јублеј е навистина импознатна бројка.
„Во годината кога славиме јубилеј на фестивалот, а идната година ќе одбележиме 70 години на ДФРМ, може да кажам дека конечно спласнаа сите оние контрадикторности и антагонизми кои во нашата фела беа присути со децении. Сметам дека за целиот конгломерат на институции, почнувајќи од Агенцијата за филм, која сите нас не’ финнсира, ДФРМ како асоцијација на професионалци, образовните институции, се разбира Кинотеката, без која не би можел да се реализира фестивалот и сите останати помали или поголеми институции поврзани со филмот, тука мислам и на филмската критика, почнуваат да дуваат поволни ветришта и дека македонската кинематографија оди во позитивен правец, таа добива сопствен облик и специфика и слика пред светот, со која ќе се претставува во годините што доаѓаат“, рече Иванов.





