
МК Сцена
ХИТ ВО НАЈАВА: Александар Тарабунов ја претстави својата нова „SEÑORITA“
Пејачот Александар Тарабунов – Тара деновиве го промовираше новиот сингл кој го носи името „Senorita“ за кој сними и видео запис.
Станува збор за тема чија што музика ја потпишува самиот тој, текстот е дело на Луна Ристиќ, додека, пак, аранжманот и продукцијата се на Роберт Билбилов со кого соработува долги години наназад.
Видеото е снимено на неколку локации во Скопје и е работено под режисерската палка на Зоран Стојановски – Зонде, а во кадрите покрај Тара се појавуваат и манекенката Ивана Савовиќ, како и Бојана Арсовска и Барбара Поповиќ.



