МК Сцена
Јован и Пајак со најава на ремикс на мега хитот „Магија”
Пред неколку дена на социјалните мрежи се појави слика од Јован Јованов и Пајак во студио. Фановите се запрашуваат, што ли се готви во студиото Јованови?
Многумина помислија дека се работи за нова песна на Пајак во продукција на Јован, но на големо изненадување се работи за дует и тоа на ремикс на мега хитот „Магија“. Само за потсетување песната „Магија“ во изведба на група Магија беше победник на Макфест во 1998 година и сеуште се слуша по нашите радио станици и ноќни клубови.
По желба на Пајак, Јован после 14 години ќе запее повторно „Ќе ми треба магија…“ и тоа во дует со Пајак. Дознавме дека за песната е направен нов аранжман и целосна продукција од страна на неговиот брат Иван Јованов Ивајо. Песната заедно со спот наскоро ќе биде промовирана на Урбан Рекордс. Како ли ќе звучат заедно со нетрпение ќе почекаме да слушнеме.





