МК Сцена
Концерт на Горан Бреговиќ и „Оркестар за свадби и погреби“ во Скопје
Најголемата рок легенда на Балканот, Горан Бреговиќ, доаѓа во Скопје на јубилеен и роденденски концерт во спортскиот центар „Јане Сандански“, на 23 март. Со концертот закажан само еден ден по неговиот роденден, неповторливиот Бреговиќ ќе одбележи и 50 години постоење на најуспешната и култна екс ју рок група Бијело Дугме на која тој беше лидер.
Ќе имате уникатна можност да слушнете бројни легендарни хитови во изведба на Брега, придружуван од неговиот уникатен „Оркестар за свадби и погреби“. Концертот е роденденски, но не треба да носите подароци, бидејќи Бреговиќ порачува – македонската публика во што поголем број за него ќе биде најголемиот подарок.
Ветувајќи неверојатен спектакл со име „Ко не полуди, није нормалан”, Бреговиќ и публиката во еден глас ќе ги пеат „Едерлези“, „Месечина“, „Калашников“, но и бројните хитови кои оставија белег во неговата плодна кариера како дел од „Бијело Дугме“.




