МК Сцена
„Лажни светови“ е насловот на најновата песна на Бојана Скендеровски
„Лажни светови“ е насловот на најновата песна на Бојана Скендеровски. Станува збор за одлична балада во која таа го покажува сиот свој раскош, сета своја емоција – „Лажни светови“ е вистинска емотивна, женска песна, која Бојана ја носи маестрално и го покажува сиот свој музички раскош.
Автор на музиката и текстот е Александар Тарабунов – Тара, додека аранжманот е со потписот на Димитар Андоновски.
„Одамна сакав ваква песна, сакав да отпеам нешто што ќе трае. Сакав песна со музика, мелодија и песна што ќе може да биде отсвирена во живо, со инструменти. Во денешно време на компјутерска музика ни недостасуваат песни со мелодија отсвирени во живо“, рече Бојана и призна дека верува во „Лажни светови“ зашто е направена со многу љубов, емоции.




