МК Сцена
Лепа Брена, Сенидах, Тончи Хуљиќ и Калиопи настапуваат на MAC
Организаторите на MAC најавија спектакл во Штарк Арената на 27 јануари, а веќе со првите објави на имињата кои настапуваат, дефинитивно тоа и го потврдија – Лепа Брена, Сенидах, Тончи Хуљиќ и Калиопи настапуваат на церемонијата, а својот настап веќе го најави и Нина Бадриќ.
Една од најголемите регионални ѕвезди Лепа Брена вели дека публиката на MAC ќе има можност да види нешто сосема поинакво:
„Знаеме дека MAC ги собира најквалитетните и најдобрите во овој регион и исклучителна чест и задоволство ми е на покана од организаторите да настапам на оваа манифестација“, вели Брена и додава: „Секогаш настојувам да бидам нова, да бидам поинаква и на MAC публиката може да очекува нешто сосема свежо и поинакво. Ќе кажам само дека настапот ќе се состои од еден необичен микс на неколку од моите најпознати песни, а како тоа ќе звучи и изгледа ќе видите на 27 јануари во Штарк Арената во Белград.“




