„Слушни! Доаѓа Новата…“ со ансаблот „Јаношка“
Ансамблот „Јаношка“ од Австрија ќе настапи со оркестарот на Филхармонија в петок во 20 часот на гала новогодишниот концерт „Слушни!Доаѓа Новата…“. Со оркестарот ќе диригира маестро Борјан Цанев.
Музиката која ја создаваат тројцата браќа од Братислава – Ондреј, Франтишек и Роман Јаношка и нивниот роднина Џулиус Дарвас претставува колоритен контраст на нивната класична наобразба со музиката од другите жанрови – од џез и латино, до поп музика. Крајниот резултат не е само микс од стилови, туку креативна синтеза – препознатливниот „јаношка стил“. Овој ансамбл е во постојана игра со музичките познавања на публикиата, слободно комуницира со класичните теми кои потоа ги транспонира во различни музички дисциплини, без да ја наруши уникатноста на стилот. Во нивната музика не постојат матрици, специјални формули, ансамблот „Јаношка“ спонтано креира имагинатина музика. Нивниот стил не е само звук, тоа „музика која живее“, која треба да се чуе и да се почувствува во живо.
-Сакаме нашата музика да ја придвижи публиката, да ја допре на посебен начин. Тоа е нашата цел – вели Франтишек Јаношка, пијанистот кој има совршена контрола над секој отсвирен тон.




