МК Сцена
Пласидо Доминго за Македонија: „Едвај чекам да настапам во вашата прекрасна земја!“
Познатиот светски тенор Пласидо Доминго, кој е еден од најголемите уметници на сите времиња, испрати ексклузивна видео-порака до македонската публика, изразувајќи огромно воодушевување што ќе има прилика да настапи во Македонија.
– „Едвај чекам да настапам во вашата прекрасна земја, Македонија!“, рече Доминго во својата видео порака, изразувајќи големо задоволство што ќе биде дел од овој концерт.
Пласидо Доминго е ѕвезда на светската опера, со кариера која трае повеќе од 50 години. Освен што е познат по своите настапи како тенор, тој е и признат диригент, а неговиот репертоар вклучува повеќе од 150 улоги, со над 4,400 настапи. Неговото име е познато низ светот и благодарение на неговото учество во „Тројцата тенори“, како и бројните награди, меѓу кои и 12 Греми награди. Доминго не само што е иконски пејач, туку и основач на престижниот натпревар за пеење Опералија, кој има цел да ги промовира младите таленти.




