МК Сцена
Раде Шербеџија со емотивен концерт во Скопје – вечер полна со музика, поезија и сеќавања
Синоќа, Македонската филхармонија беше сведок на незаборавна уметничка вечер каде што Раде Шербеџија со својот препознатлив глас, харизма и актерска енергија ја претвори сцената во интимен простор исполнет со емоции.
Особено трогателен момент беше изведбата на „Елено ќерко“, која актерот ја посвети на девојката која го загуби својот живот во сообраќајната несреќа на „Партизанска“, Фросина Кулакова и нејзиното семејство. Оваа изведба, во дует со Јана Стојановска, создаде вистинска музичка магија, оставајќи ја публиката без здив.
Во текот на концертот, Шербеџија рецитираше стихови од Крлежа и Чехов, со носталгија зборуваше за своите пријатели кои веќе ги нема – Арсен Дедиќ, Кемал Монтено, Ѓорѓе Балашевиќ, Мето Јовановски, но и за неговиот бурен живот, кој бил исполнет со премрежја, патувања и љубов кон уметноста.




