fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Room 313 ја имаше премиерата на својот прв онлајн тејковер

МК Сцена

Room 313 ја имаше премиерата на својот прв онлајн тејковер

Room 313 ја имаше премиерата на својот прв онлајн тејковер

Во ситуација каде ноќните клубови и фестивалските сцени не се во функција, музиката се чувствува попотребна од вообичаеното. Организаторите на клубски и фестивалски настани, во кои се промовира електронска музика, ги користат социјалните платформи како единствен начин преку кои можат да ја промовираат својата култура.

Промотерската асоцијација Room 313, која промовира модерна музика, на својот YouTube канал ја имаа премиерата на првата епизода од серијалот ‘’онлајн тејковер’’. Епизодата е снимена на интересна локација во напуштени оранжерии, a протагонист е DJ Alexandar, кој има долгогодишно искуство како диџеј.

– „Овие онлајн настани ги организираме со цел да опстоиме на сцената како диџеи и промотери, бидејќи тоа не исполнува и сакаме да го работиме. Оптимистички веруваме дека ќе се случи нова ера на клупската култура после овој период, во која ќе владее голема клупска и фестивалска еуфорија и позитивна енергија. До тогаш ќе се обидеме да реализираме неколку епизоди во кои ќе промовираме диџеи со свои сетови, снимани на интересни локации кои претходно не биле користени за настани од ваков вид.” , вели Митрик Александар од Room 313.

Во првата епизода, насловена како „Glasshouse takeover”, музичката селекција на DJ Alexandar патува од прогресивен хаус до мелодично техно, која занимливо се спојува со кадрите ловени во напуштените оранжерии.

You Tube каналот на Room 313 ќе ве натера да танцувате по дома, а вие прептплатете се и очекувајте ги новите епизоди.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.