Д Фестивал стана дел од европскиот проект “SMA!”
Речиси една година по почетокот на пандемијата, музичката индустрија сè уште е “во мирување”. Во моментов, кога големите настани предвидени за 2021-ва се во неизвесна ситуација, клучните активности за помалите фестивали се соработка и планирање на заеднички активности. Токму во овие рамки “SMA!” ја започнува својата оперативна фаза.
Како акцелератор за поддршка на мали мултимедијални фестивали, “SMA!” цели во наредните три години да создаде одржлив модел за меѓународен развој.
Преку стратегии за диверзификација и подобрување на управувањето и односите на засегнатите страни, ќе се постигне поголема конкурентност и привлечност во рамките на организациите за музички и културни настани. Проектот исто така ќе поттикне создавање на одржливи инфраструктури во областа на креативните индустрии во периферните европски држави, поддржувајќи го економскиот и социјалниот раст на локалните и регионалните заедници.




