
МК Сцена
Сара Мејс ќе ја претставува Македонија на Светскиот ден на харфата заедно со најдобрите харфисти од светот
Сара Мејс ќе ја претставува Македонија на Светскиот ден на харфата заедно со најдобрите харфисти од светот
На 20 октомври оваа година по повод Светскиот ден на харфата, а во рамките на одбележувањето 300 години од создавањето на харфата, ќе се одржи онлајн концерт, каде што со свои настапи и дела ќе се претстават најдобрите харфисти од светот.
Главната цел на овој настан е да се создаде плодна почва за културолошки дијалог преку уметноста, која е потсетник за мирот и единственото на сите држави. Целта на овогодинешните изведувачи и композитори пак, е да си ги претстават своите земји преку вметнување на својата традиција во делата кои ги изведуваат и на тој начин да го запознаат светот со својот фолклор. Претставник од Македонија ќе биде нашата харфистка, композитор и пеачка, Сара Мејс под покровителство на Okxsa projects Скопје.
