МК Сцена
Слушнете ја новата песна на Лозано – „Ме нервираш“ (ВИДЕО)
По повод својот роденден, нашиот популарен пејач Влатко Лозаноски – Лозано, наместо со роденденско парче торта, Влатко публиката ја почести со нова песна.
Станува збор за летна песна со „заразен“ текст и мелодија, a нејзиниот наслов е краток и јасен: „Ме нервираш“. Aвтори на истата се Лазар Цветкоски, односно музика и аранжман, додека пак текстот е дело на Магдалена Ена Цветкоска – тимот со кој Лозано соработува од почетокот на својата кариера.
Како и за сите други песни, така и за оваа Лозано и неговиот тим на соработници снимија видеоспот во прекрасниот хотел „Мирор“ во Скопје.




