МК Сцена
Thievery Corporation повторно со концерт пред македонската публика
Веројатно еден од најдобрите светски концерти на сите времиња одржан во Скопје е оној на Thievery Corporation на Стадионот на АРМ, 20-ти јуни, 2017-та година.
Кај нас не престана желбата да ја повториме таа вечер, а не престанаа и вашите барања за повторна средба со Thievery Corporation во Скопје.
Па така, големо задоволство ни е да ви ги најавиме навистина генијалните ТHIEVERY CORPORATION во Скопје на 03 јули на истото место, на веќе за вас добро познатиот стадион на АРМ, со промоција на последниот албум, како и сите нивни стари, добро познати теми.




