МК Сцена
Ќе ве „зарази“ уште на прво слушање: Лозано има нова песна – „После полноќ“ (ВИДЕО)
Конечно, по подолго време една од нашите најголеми музички ѕвезди – Влатко Лозаноски – Лозано ја објави својата најнова песна.
„После полноќ“ е името на новата нумера и дефинитивно таа ќе биде пријатно изненадување за публиката.
Иако можеби повеќето очекуваа дека Лозано повторно ќе објави песна слична на претходната, тој и неговиот тим, продуцентите Лазар Цветкоски и Ена Цветкоска создадоа ремек-дело со светски звук.




