МК Сцена
Ван Гог, Игор Џамбазов и Фиц (Студени Нозе) на третото издание на фестивалот „Skopje Unplugged”
Фестивалот на акустична музика, во организација на ЈУ „Универзална Сала“ и Град Скопје, „Skopje Unplugged”, го припрема своето трето издание, кое ќе се одржи во петок, (25-ти јуни), на кровот на паркингот во „Сити Мол“, со почеток во 18:30 часот.
Полека, но сигурно, „Skopje Unplugged” се наметнува на македонската мапа на музички фестивали и прераснува во препознатлив бренд на тн. „boutique” фестивал, со посебен акцент и третман на публиката. Исто така, „Skopje Unplugged” е единствениот фестивал кој третира исклучиво акустична музичка изведба и со тоа, создава едно посебно доживување за уживателите на живиот звук.
Оваа година на фестивалот ќе настапат милениците на македонската публика, регионалните рок легенди Ван Гог. Уште позанимливо е дека бендот за прв пат ќе се претстави во акустично издание, по незаборавниот настап во Белградска Арена, кој се одржа по повод 30 годишнината од нивното постоење.




