Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Васил Гарванлиев ја објави најновата песна РИТАМ, и го најави новиот ЕП насловен како „Порцелански војник“

МК Сцена

Васил Гарванлиев ја објави најновата песна РИТАМ, и го најави новиот ЕП насловен како „Порцелански војник“

По кратка пауза, македонскиот претставник на Евровизија 2020 и 2021 година Васил Гарванлиев ја објави третата песна од најавениот ЕП на англиски јазик насловена РИТАМ.

Видеозаписот за песната е снимен во легендарниот Aragon Ballroom во Чикаго, кој е познат по концертите одржани на легендарни и А листа на светски музички ѕвезди.

Ритам е upbeat денс песна чија приказна повторно се поврзува со пораката од евровизиската песна “Here I stand”, каде темнината Васил ја претвори во светлина. Автор на песната е самиот Васил во продукција на Кастело, додека видеозаписот е во соработка со познатата CircuitMom Productions, режија на Васил, а кореографија на Isaiah Silva-Chandley. Васил и овој пат е верен на неговиот стил и повторно се појавува со смел стајлинг и кореографија која повикува на инклузивност на различности.

Васил веќе една година е преселен во Чикаго каде работи на завршните подготовки за новиот ЕП албум, а воедно и потпиша ексклузивен договор за соработка со Muze Music преку Believe за дигитална дистрибуција.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.