МК Сцена
„Виртуелната американска танцова академија (ВАДА)“ во Скопје истакната како една од најуспешните програми на глобално ниво
На 29.06, со почеток во 19:00 часот во просториите на КСП Центар Јадро и преку хибридната панел дискусија на тројца предавачи од САД и неколку претставници на локалната танцова заедница ќе се заокружи првата фаза од програмата на ВАДА – Хибридна Американска Танцова Академија.
ВАДА / Виртуелна Американска Танцова Академија е проект на „Битрикс Културно-уметнички Центар“ поддржан од Американската Амбасада во С.Македонија и Американскиот Стејт Департман, кој има за цел да дејствува проактивно во правец на едукација на конституентите на танцовата заедница во земјата. Проектот им обезбедува на локалните танчари, кореографи, предавачи и/или претприемачи во културата да ги продлабочат своите знаења преку програма која вклучува практична и теоретска работа со предавачи од Соединетите Американски Држави.







