МК Сцена
Во пресрет на големиот концерт, ДНК објавија нова песна
Не, не ништо не, овие години не промениле, срце полно рани, рани, рани, рани, во душа празни страни, непишани романи… вака гласи рефренот од новата тема на ДНК, со наслов „Романи“, а со која момците го заокружуваат последниот студиски материјал „Дваесет“.
„’Романи’ е една убава љубовна тема. Метафорична приказна, несекојдневен спој и песна со неочекуван рефрен, нешто што ете го чувавме како последнo парче од приказната наречена „Дваесет“, албум што значи заокружување на овој наш 20-годишен јубилеј“, велат Панчо и Андреј.
Круна на славењето ќе биде големиот концерт закажан на 3 декември во арената „Борис Трајковски“, кога двоецот заедно со сите свои фанови од сите генерации ќе го одбележи убавиот јубилеј.





