fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Журка со Тамара, ама на дистанца!

МК Сцена

Журка со Тамара, ама на дистанца!

Журка со Тамара, ама на дистанца!

После неколкумесечна пауза заради корона кризата полека почнува да се враќа животот, а со тоа, секако, и оној ноќниот и забавите.

Со оглед на тоа дека меѓу најпогодените од кризата се токму оние кои се задолжени за добрите журки и убавото расположение, тимот на Intermezzo Music Bar задржувајќи ја традицијата да биде секогаш уникатен и поразличен од останатите, а со цел придонес и поддршка на домашните изведувачи во овие тешки времиња, стартува со кампања под мотото ПЕТОЧНО ДРУЖЕЊЕ на растојание со ѕвездите на домашната музичка сцена. Прва на списокот е Тамара која во живо, во петок на сцената ќе ги отпее своите најголеми хитови.

Журката со Тамара е закажана на 26 јуни со почеток во 20 часот. Бројот на влезници е ограничен, затоа што од првиот музички бар кај нас велат дека журката ќе биде според сите пропишани прописи и протоколи, односно со целосно почитување и применување на препораките на МЗ и на соодветна социјална дистанца.

– Да се биде општествено одговорна компанија со себе носи огромна одговорност на која постојано треба да се работи. Intermezzo Music Bar во целост беспрекорно ги следи, почитува и применува препораките на МЗ, а како организација која има задача да се грижи за расположението на нашите посетители, дава скромен, но веруваме значаен придонес и поддршка за домашните изведувачи. Само преку свесно и одговорно однесување можеме да ги надминеме пречките и да се вратиме кон здравствена и економска стабилност, насмеани лица и позитивни мисли. Продолжуваме да работиме со мотото – Сплотени можеме повеќе!“, велат од единствениот музички бар во земјава.

Списокот на уметници кои ќе бидат дел од најавената петочна дружба е долг, а честа да го отвори серијалот ѝ припадна на Тамара.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.