МК Сцена
МОБ ќе ја отвори сезоната 2017/2018 на 27 септември
Првата балетска премиера во сезоната 2017/2018 ќе биде на 18 октомври, а првата премиера на Операта на 31 октомври, најави Македонската опера и балет.
Новата сезона МОБ ќе ја отвори на 27 септември со балетот „Клеопатра“ кој, според статистиката на МОБ, на репертоарот минатата сезона била најизведувана и најпосетена претстава со над 8.500 гледачи.
Првата премиера на МОБ наесен е закажана за 18 октомври и ќе биде балетски триптих. Првите два дела од триптихот, „Софа“ и „Некои срца“ се во кореографија на Ицик Галили од Израел на музика од Том Ватс и Филип Глас, а третата претстава е обнова на „Песна над песните“ (Лудница) во кореографија на Сташа Зуровац и на музика на Маријан Нечак.




