МК Сцена
МУЗИЧКА ЕКСПЛОЗИЈА: Со настапот на „Д Продиџи“ заврши првото издание на „Охрид колинг“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Музичка експлозија на сцена!
Само така може да се нарече вчерашниот адреналински настап на мегапопуларните „Д Продици“ кои го затворија првото издание на фестивалот „Охрид колинг“.
Британската енергетска музичка сензација „Продиџи“ во рамките на промотивната турнеја на последниот албум „The Day Is My Enemy“ претстави дел од новите нумери, но не ги остави фановите без хитовите со кои е препознатлив, како „Omen“, „Firestarter“, „No good“, „Smack my bitch up“ и многу други.

























