Музика
Ај Кју со нова песна „До тебе“ и спот снимен во Лондон
Бојан и Марија од Ај Кју по успешната преработка на „Молитва“ ни ја претставуваат нивната нова песна „До тебе“.

Музиката и текстот на песната се дело на Бојан Трајковски и Кристина Арнаудова, а за продукцијата и аранжманот се погрижи Роберт Билбилов.
„За одредени песни едноставно знаеш дека има нешто посебно и дека се поклопиле енергиите на сите вклучени во тимот, токму за оваа песна така се чувствувавме“ – изјавија тие.





