Музика
Дали веќе го имаме хитот или најслушаната песна помеѓу двата фестивала на „Макфест“ за 2023-та година?!
„Сто пати рани, рани, рани ме, но не ми брани јас да љубам не, тонеш во лаги барем еднаш признај се, солза на образ како плав сафир е”…
Се заразните љубовни стихови од рефренот на новиот макфестовски хит на Таско и Малена, напишани токму од Таско кој во многу песни па и во оваа се појавува во улога на текстописец. Автор е и на музиката заедно со популарниот Пајак, додека пак аранжманот, миксот и мастерингот се на хитмејкерот и продуцент Иван Јованов- Ивајо, а во заедничка интерпретација со младата пејачка Малена.
Навикнати сме Таско да го слушаме во дуети и соработки со доста познати музички имиња како Раста и слично, но овој пат Таско даде поддршка на една млада, харизматична и доста талентирана девојка.







