Музика
Доби одлични коментари на „Макфест“: Огнен Здравковски сними спот за неговиот „Порок“ (ВИДЕО)
По одличната „Километрима“, популарниот пејач Огнен Здравковски пред неколку дена учествуваше на 38. издание на фестивалот „Макфест“ во Штип, каде настапи со својата најнова песна која носи наслов „Порок“.
Огнен настапи во ревијалната вечер и со својата изведба во живо, ја воодушеви многубројната публика во културниот дом „Ацо Шопов“, како и гледачите пред тв-екраните.
Автори на оваа песна се потпишуваат веќе докажаните музички имиња, Елвир Мекиќ како автор на текстот, додека музиката и аранжманот се дело на Дамјан Лазаров.






