Гета прогласен за најдобар диџеј на светот за 2020 година
Дејвид Гета, еден од најголемите музичари и продуценти во историјата на електронската музика, беше прогласен за најдобар диџеј во светот.
Највлијателната глобална листа на главни актери на електронската сцена беше формирана со скоро 1,3 милиони гласови на читатели на „ДиЏеј Мег“, кои го вратија Дејвид Гета на првата позиција по 2011 година, кога последен пат ја освои.
„Навистина е неверојатно, мислам дека се чувствувам посреќно од првиот пат! изјави супер популарниот Французин, кој ги освои радио листите во последните месеци со хитот „Let’s Love“, уште една одлична соработка со австралиската пејачка Сиа, но исто така истражува и нови насоки со неговиот „Future Rave“ звук.




