Музика
Греми номинации: Бијонсе стана најноминиран артист во историјата
Објавени се номинациите за 67-то издание на наградите Греми. Најмногу номинации доби Бијоносе и со овогодинешните 11, Бијонсе влезе во историјата, станувајќи најноминиран уметник во историјата на Греми со вкупно 99 номинации во кариерата.
Таа е номинирана и за албум и за кантри албум на годината за албумот „Cowboy Carter“, а „Texas Hold’Em“ доби номинации за запис, песна и кантри песна на годината.




