Музика
Џијан Емин меѓу светската музичка елита: Авторска музика на Емин во изведба на Симфонискиот оркестар на Гимараеш со наши солисти
Престојното 33. издание на џез фестивалот во Гимараеш, Португалија, што ќе се одржи од 7- 16 ноември, ќе биде заокружено со настапот на Октетот Џијан Емин со Симфонискиот оркестар на Гимараеш. Оваа соработка е всушност дел од проектот на фестивалот и оркестарот на Гимараеш, кој веќе седма година избира иновантна авторска музика од целиот свет која се изведува заедно со португалските музичари.
„Еклектицизмот и стилската различност беа доминантна нота на минатите избори направени од фестивалот во однос на ова партнерство. Беа експериментирани различни формати и композитори поврзани со џез рок (Нелс Клајн), со европски оркестарски џез-поп (Лина Ниберг) или со бразилска музика под влијание на џезот (Леа Фреир), меѓу другите од различни стилски и географски широчини, решително придонесоа за нејзиниот раст“, стои во појаснувањето на организаторите на фестивалот.







