Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Кад осване“ – нов сингл на Калиопи

Музика

„Кад осване“ – нов сингл на Калиопи

Повеќедецениска кариера исполнета со успех, раскошен вокал и неверојатна харизма е она што ја краси Калиопи. Континуирано ја исполнува својата дискографија со нови песни и на својата публика и дарува музичка магија.

Новата песна „Кад осване“ е достапна на сите дигитални платформи и на официјалниот YouTube канал, а еве што вели Калиопи за нејзината нова песна, и овој пат комплетно авторско дело на нејзиниот долгогодишен соработник Ромео Грил:

„Песната „Кад осване“ (Кога ќе раздени) никого нема да остави рамнодушен. Тоа е песна која буди од длабок сон, раздвижува и ја враќа надежта за подобри денови! Кога ја слушнав прв пат, бев пресреќна што добив ваква песна! Ромео и овој пат се надмина себеси, а тоа му успева речиси 40 години, колку што веќе соработуваме заедно… За неполни 5 месеци добив две големи песни! Дуетската „Знам“, со мојот пријател Жељко Самарџиќ, која веќе со молскавична брзина се врежа во срцата на публиката, а сега исто така длабоко верувам дека „Кад осване“ ќе биде песна за која ќе се зборува и која што многу ќе се пее! Имаме нов хит!“

Музиката, текстот, аранжманот и продукцијата ги потпишува Ромео Грил.

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.