Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Од „случајна“ седенка во студио, до сигурен хит – Слушнете ја „Beautiful Mind“ од „Free Spirit“

Музика

Од „случајна“ седенка во студио, до сигурен хит – Слушнете ја „Beautiful Mind“ од „Free Spirit“

Еден вид летна сексипилност, нешто што ќе ве натера, откако ќе ја слушнете песната, веднаш да прегрнете некого. На самиот крај на летото, песната „Beautiful Mind“ од „Free Spirit“ е ново освежување.

Позади музиката и аранжманот на синглот кој настанал како „случајна“ седенка во студио, стојат Александар Тарабунов и Ненад Пантовиќ. Текстот и вокалот се потпис на Ненад Пантовиќ.

Во песната се зборува за девојка која е привлечна, интелигентна, духовита, елегантна, а сепак, нејзината сексипилност не доаѓа само од тоа, ниту од начинот на кој зборува, одењето, насмевката. Нејзината уникатност доаѓа од нешто скриено и неостварливо.

Спотот е снимен во Грција, а главна улога има преубавиот модел Natali Russou. Истиот го потпишува Зоран Зонде Стојановски.

Периодов, „Free Spirit“ подготвуваат уште два синглови, кои ќе бидат дел од истоимениот проект.

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.