Музика
Placebo доаѓаат на возобновениот рок настан СКОПЈЕ ГОРИ ФЕСТИВАЛ 20.20!
Ретки се бендовите кои успеале да станат големи, а истовремено да останат авангардни, бескомпромисни и суперквалитетни во тој процес. А PLACEBO се дефиниција за тоа!
Затоа, со огромно задоволство ви најавуваме дека PLACEBO доаѓаат на возобновениот рок настан СКОПЈЕ ГОРИ ФЕСТИВАЛ 20.20, со ексклузивно шоу во регионот!
Како во моментов звучи во живо еден од најмоќните светски рок бендови, публиката од Македонија и од регионот ќе може да види и да слушне на 25-ти јуни на стадионот на АРМ во Скопје. Дека е задоволството големо што Скопје и Македонија ги имаат PLACEBO, не треба ни да се спомене, само треба да се види листата на големи фестивали каде ќе настапат ова лето: Rock Werchter во Белгија, BBK и Madcool во Шпанија, Park Live во Русија итн…





