Музика
„Се сретнале во Јахорина, тој од Скопје, таа од Москва“: „Компас бенд“ сними песна според вистинска љубовна приказна! (ВИДЕО)
За нив велат дека се „,мајстори“ на занаетот, едни од најдобрите во нашата земја кога се во прашање живите настапи, а најдобар доказ за тоа е нивната многубројна публика секаде каде настапуваат.
„Компас бенд“, музички бренд кој со години успешно опстојува на „пазарот“, на чело со Љупчо Ваневски – Бубе, Ивана Ѓеоргиевка и Мишо Стојановски.
Со оглед на нивните многубројни ангажмани наназад низ годините, малку како да ја запоставија авторската музика, но една вистинска животна приказна раскажана од татко му на Бубе ги натера да влезат во студио и да работат на нова песна.






