Музика
„Сите светла“ е најновиот музички проект на Лара Иванова во дует со Јосиф Ристовски
Лара Иванова и Јосиф Ристовски го објавија нивниот прв дует „Сите светла“. Станува збор за трендовски хит, затоа што за само неколку дена има илјадници прегледи и лава позитивни коментари и реакции од македонската публика, но и од регионот.
Автори на текстот и на музиката се Лара и Јосиф, за аранжманот се погрижи единствениот Дарко Димитров, а за видео записот Томислав Живковиќ, кој и овојпат целосно ја долови пораката на песната и на целиот музички проект му даде ексклузивна нота.
„Сите светла“ се вперени кон Лара Иванова, затоа што во новиот видео запис се појавува во уникатно и впечатливо издание, а Јосиф одлично ја дополнува со својата улога.






