Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Адел ќе одржи четири концерти во Минхен

Музика

Адел ќе одржи четири концерти во Минхен

Британската пејачка Адел најави дека ќе одржи концерти во Минхен, Германија, што ќе биде нејзин прв настап на европскиот континент по 2016 година.

Адел има закажано четири концерти во Минхен, а ќе се одржат на 2, 3, 9 и 10 август во Münich Messe.

– Не сум настапувала во Европа од 2016 година! Не можам да смислам поубав начин да го поминам летото и да ја завршам оваа убава фаза од мојот живот и кариера отколку со настапи кои се блиску до дома – напиша пејачката на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм.

Британската поп-ѕвезда ќе настапи во специјално создаден стадион во изложбениот центар во Минхен. Местото ќе нуди простор за околу 80.000 музички обожаватели на секој од четирите концерти.

Билетите ќе бидат пуштени во претпродажба од 7 февруари, додека генералната продажба ќе започне два дена подоцна, а можно е да се купат најмногу 4 билети. Цената се уште не е позната, но се чини дека интересот е многу голем.

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.