МК Сцена
На 3 и 4 февруари Скопје Синема Сити во Кинотека на Македонија
На 3 и 4 февруари 2017, во Кинотека на Македонија ќе започне Скопје Синема Сити – Загревање, настан на којшто ќе биде прикажан избор на филмови од второто издание на филмскиот фестивал Скопје Синема Сити, што се одржа во октомври 2016 година.
Загревање е настан во рамките на којшто Фестивалот, веќе традиционално во февруари, репризира избор од филмовите од претходното издание. Скопје Синема Сити, пак, е фестивал за музички документарни филмови на којшто се прикажуваат бројни филмови од различни продукции, вклучувајќи ја и домашната.
Првото издание на Фестивалот се случи во 2015 година фестивалот со трибјут за Дејвид Боуви, а во рамките на второто издание во 2016 година се направи трибјут за Леонард Коен. Фестивалот беше организиран во Кинотека на Македонија и во фокусот беше кантавторот Леонард Коен, со чијшто филм „Јас сум тој“ и беше отворена манифестацијата. Исто така, Фестивалот оствари соработка со британската телевизиска продукција Би-би-си, па беа прикажани повеќе нивни филмови.




