МК Сцена
Изложба на фотографии и нова песна за роденденот на Тоше
Со крводарителска акција, изложба на фотографии на Тоше и промоција на негова нова песна во Спомен-куќата на Тоше Проески во Крушево денеска ќе биде одбележан 36-от роденден на македонската и балканска музичка ѕвезда, која во 2007 година трагично го загуби животот во сообраќајната несреќа кај Нова Градишка, Хрватска.
Манифестациите ги организира Фондацијата „Тоше Проески“ во соработка со Спомен куќата – музеј на Гумење во Крушево.
Во текот на целиот ден во Спомен-куќата ќе се спроведе крводарителска акција. Напладне ќе биде отворена изложбата на петнаесетина досега необјавени фотографии на Тоше, а ќе биде промовирана и инструменталната верзија на песната на Тоше „Никада“.




