Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

На неколку дена до концертот во Скопје, Парни Ваљак ја промовираат новата песна „Само ти“

МК Сцена

На неколку дена до концертот во Скопје, Парни Ваљак ја промовираат новата песна „Само ти“

Пред точно две години, овој ултра популарен хрватски бенд го објави албумот „Нема предаје“ којшто беше одлично прифатен од хрватската но и регионалната публика. Денес, две години подоцна, Парни Ваљак го објавуваат новиот сингл со наслов „Само ти“ (Norma Belle).

Зад овој сингл се потпишува Хусеин Хасанефендиќ Хус, а Парни Ваљак кои патем годинава слават и 40 години постоење на музичката сцена, во овој сингл звучат подобро од било кога. Песната е снимена во студиото РСЛ во Ново место – Словенија.

Новиот сингл заедно со концертот во Скопје се најава за големата „40 години Парни Ваљак“ турнеја.

Освен промоцијата на новиот сингл и најавата на концертната турнеја и полните стадиони и сали ширум регионот, хрватскиот бенд Парни Ваљак деновиве може да се пофали и со наградата од Град Загреб за најголеми заслуги и промоција на друштвениот живот во градот.

И само за потсетување, Парни Ваљак доаѓаат во Скопје на 6 јуни (сабота) со голем концерт во „Борис Трајковски“, а во продолжение погледнете го и видео поздравот на Аки Рахимовски.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.