МК Сцена
НАЈУРБАНАТА ЖУРКА ЗА НОВА ГОДИНА ВО СКОПЈЕ: Курд Маверик доаѓа во „Метрополис арена“
Германскиот супер стар диџеј Курд Маверик доаѓа во Скопје!
Маверик ќе биде задолжен за најурбаната новогодишна журка која некогаш му се случила на градот, журката закажана во Метрополис арената на Саем. Стартот е во 21.30 часот.
Билетите промотивно до 27 декември (недела), како празничен подарок, ќе се продаваат преку продажните мрежи на мктикетс и купиратизасе, и тоа по цена од 200 (во партерот) и 100 денари (за галеријата), додека по 27 декември ќе чинат 300 и 150 денари. На врата на денот на журката, односно на 31 декември, ќе чинат 350 и 200 денари.




