МК Сцена
Наградуваниот португалец Жоао Салавиза гостин на фестивалот „Браќа Манаки“
ИФФК „Браќа Манаки“ и официјалниот партнер Вип оператор ве известуваат дека еден од најнаградуваните млади режисери во светот, Португалецот Жоао Салавиза, ќе биде гостин на ИФКК „Браќа Манаки“ во Битола. За свои два кратки филма тој е добитник на престижните награди „Златна палма“ во Кан за „Арена“ (2009) „Златна мечка“ во Берлин за „Рафа“ (2012).
Честа е голема што токму „Браќа Манаки“ ќе биде вториот фестивал каде ќе биде прикажан неговиот прв долгометражен филм „Планина“─ веднаш по светската премиера на Филмскиот фестивал во Венеција, закажана за денеска. Со филмот „Планина“, на 19 септември ќе биде отворена програмата „Нов европски филм“ што се воведува годинава на фестивалот во Битола. На 20 септември, во 12 часот, ќе организираме и средба „Разговор со…“ во Малата сала на Центарот за култура.
На филмот „Планина“, 31-годишниот Салавиза соработува со директорот на фотографија Васко Вијана, кој за филмот „Рафа“, во 2012 година, ја доби наградата „Мала златна камера 300“ во Битола.




