Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Интермецо ветува незаборавна викенд завршница – eксклузивна дружба со Тони Цетински!

Промо

Интермецо ветува незаборавна викенд завршница – eксклузивна дружба со Тони Цетински!

По гостувањата на неповторливите Петар Грашо и девојките од составот Фрајле, на 4 октомври (недела) на сцената на единствениот музички бар во земјава ќе застане човекот кој ја отпеа незаборавната „Лагала нас мала“ со нашиот Тоше – човекот чиј глас разоружува, а теми ги разнежнуваат и најтврдите срца – во недела гостува Тони Цетински.

Публиката во Скопје, односно во Intermezzo Music Bar ќе има ретка можност да ги чие „Опет си побједила“, „Од милијун жена“, „23 просинац“, „Кад жена заволи“, „Нека те одведе“…

Во една прилика Цетински рече: ’На моите поранешни жени им посветувам песни’, но овој пат ветува дека целосно ќе ѝ се посвети на скопската публика, затоа што се радува на својот прв настап во земјава откако завладеа корона кризата.

– „Среќен сум што доаѓам во Скопје, навистина едвај чекам да се дружам со мојата омилена публика. Затоа не се сомневајте дека ќе имаме уште една незаборавна дружба“, вели Тони во пресрет на гостувањето во недела.

За публиката уверување дека се ќе биде перфектно не стигнува само од Тони, туку и од тимот на музичкиот бар од каде уверуваат дека и овој пат сè ќе биде организирано според протоколите и одредбите пропишани од МЗ. Влезниците се пуштени во ограничен број и по цена од 1200 денари.

На настапот на Цетински, кој всушност ќе биде круна на оваа одлична неделна програма, ќе му претходи сетот на уникатниот Валерон, закажана за утревечер, 2 октомври.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Промо

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.