Настани
Ретроспективна инклузивна танц претстава на Dancers United поддржана од Министерството за култура
10 години поддршка, соработка, креативност и танц со инклузивната група на Dancers United!
Секој заслужува можност да се изрази, да почувствува среќа, задоволство…
Пред десет години, танцовото студио Dancers United ширум ги отвори вратите за лицата со попреченост, силно верувајќи дека секој заслужува шанса да танцува. Нашата верба, надеж, трпение и многу работа со поддршка на родителите, институциите, медиумите вродија со голем напредок во комплетната слика за лицата со попреченост на што сме навистина горди.




