Со спектакуларен огномет започна јубилејното издание на фестивалот „Егзит“
„Егзит“ годинава го слави своето 20-то издание.
На првата вечер на фестивалот „Егзит“ во Нови Сад, на Петроварадинската тврдина присуствувале околу 42.000 посетители од 70 земји.
Церемонијата на свеченото отворање на јубилејниот, 20-ти Егзит, која започна 38 минути по полноќ, беше обележана со спектакларен петминутен огномет.




