Музика
Настапот на Лејди Гага ги расплака присутните на „Греми“ наградите (ВИДЕО)
Лејди Гага настапи на голем број важни случувања изминатиот период, од огромното шоу на полувремето на „Супербоу“, главниот акт на познатиот американски фестивал „Коачела“, па се до стартот на нејзината „Џоен“ светска турнеја изминатата година.
Па така, беше очекувано Гага да „растури“ и на традиционалното, 60-то по ред, доделување на наградите „Греми“.
Таа на сцената настапи по огнениот спектакл на Кендрик Ламар и ја смири атмосферата со настап на пијано.





