Музика
Наташа Беквалац: Ќе се победам самата себе на MAC!
Music Awards Ceremony (MAC) на 29 јануари во Штарк Арената ќе ги собере најголемите ѕвезди од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија на првото регионално доделување на музичките признанија.
Повеќе од 60 познати личности ќе учествуваат во програмата која ќе трае околу 4 часа, а освен доделувањето на повеќе од 30 признанија, во ревијалниот дел на свечената церемонија најголемите регионални музички ѕвезди ќе изведат специјално осмислени и режирани настапи само за оваа прилика.
Со оглед на тоа дека организацијата и продукцијата на MAC ја потпишува Скајмјузик, од каде најавуваат дека за прв пат за овој настан ќе ја употребат целокупната своја продукциска опрема на сцената на Штарк Арената ќе биде можно се!




