МК Сцена
Празничен подарок од ДНК – слушнете ја новата песна „Кога би знаела се“
Секогаш оригинални и уникатни момците од ДНК – Панчо и Андреј, и овој пат во свој стил и со посебна новогодишна и божиќна честитка за сите свои фанови, пријатели и вљубеници во модерниот звук. Честитката е сигурно претпоставувате музичка и е со наслов „Кога би знаела се“.
Композицијата веќе очекувано е на проверениот тандем – Панчо и Лазар Цветковски, односно музиката е заедничка, текстот е на Панчо, додека аранжманот е дело на Лазар. Но тука не завршува целата приказна, која е љубовна и за која видеото е снимено во Чикаго, САД. Ова е всушност прво видео на ДНК кое е снимено надвор од нашите граници, а интересно е и по тоа дека во него Панчо и Андреј ги има во само неколку кадри. Тие се во улога на улични музичари забавувачи, додека околу нив се развива љубовната приказна меѓу боксерот (ГоГо) и девојката Тина, која работи во теретаната во која тој тренира.




