Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

НАУЧНИЦИ ПОТВРДИЈА: Фреди Меркјури е најдобриот пејач на сите времиња

Музика

НАУЧНИЦИ ПОТВРДИЈА: Фреди Меркјури е најдобриот пејач на сите времиња

Британскиот пејач Фреди Меркјури е најдобриот пејач во историјата, се наведува во истражување на австриски, чешки и шведски научници, објавено во списанието „Логопедикс Фониjатрикс Воколоџи“.

Фреди Меркјури е роден на денешен ден 1946 година во Занзибар, а почина во 1991., по компликации со СИДА-та од која боледуваше. Беше основач и член (до својата смрт) на рок-групата „Квин“, формирана 1970 година.

Групата научници не го тестирале урбаниот мит дека Меркјури имал распон на гласот од цели четири октави, но открија други занимливости. Имено, анализирајќи негови изведби и шест интервјуа, и имајќи го предвид сознанието дека тој важел за тенор, стручните лица заклучиле дека тој всушност бил поблиску до баритон.

Просечната фреквенција на неговиот глас е 117,3 херци, експертите издвоиле 4.132 фрејмови во секунда, за точно да утврдат како на Фреди му успевало тоа.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.